Британскиот музичар Елтон Џон на концертот во Москва, одржан синоќа, рече дека и натаму сака да се сретне со Владимир Путин и да разговара за правата на хомосексуалците, иако рускиот претседател овој пат немаше време, јавува „Ројтерс“, пренесува „Макфакс“.

Џон, кој настапи во Москва во рамки на својата светска турнеја, делуваше разочарано што не успеал да се најде со Путин.

„Како што некои од вас веројатно знаат, се надевав дека ќе се сретнам со Путин, рече Џон, чија музика во Русија е популарна уште од времето на поранешниот СССР.

„Иако овој пат тоа не беше можно, благодарен сум што начелно ме повика да разговараме за некои сериозни прашања во Русија, вклучувајќи ги и правата на ЛГБТ лицата и борбата со сидата. Силно се надевам дека во иднина ќе најде време да ме прими“, рече Елтон Џон.

Портпаролот на Путин минатата недела рече дека распоредот на претседателот не се поклопил со оној на Џон, но дека состанокот би можел да се случи „друг пат“.

Во септември Путин телефонски разговараше со британскиот музичар, а Џон тогаш замоли за состанок.

OhridNews