Властите во Украина им забранија на Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш да посвојат едно момче старо само 14 месеци. Еден од украинските министри изјавил дека пејачот е престар за да биде татко, и додал дека не е примерно тоа што живее во хомосексуална заедница.
Парот сега се свртел кон Африка. Дејвид Фурниш открил дека биле во Африка и дека таму забележале едно момче кое посакале да го посвојат. Меѓутоа се откажале од намерата откако дознале дека момчето било веќе посвоено од неговата баба.