Најпознатиот британски пејач, Елтон Џон, и избраникот на неговото срце, Дејвид Фурниш, конечно станаа родители. Момчето кое го посвоиле се родило за Божик и родителите му дале име Захари Левон Фурниш-Џон. Било родено во Калифорнија од мајка сурогат и тежело 3,24 килограми.


Парот изјавил дека се пресреќни и дека не постојат зборови кои би го опишале задоволството и гордоста која обајцата ја чувствувале што најпосле станале родители. Елтон и Дејвид заедно се 12 години, а во 2005 година ја озакониле својата врска. Имено, геј паровите во Велика Британија, имаат исти права како и хетеросексуалните парови.