Во рамките на прославата на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета, синоќа пред Бакингамската палата бил одржан голем концерт со бројни музички ѕвезди. Главни ѕвезди на концертот биле Елтон Џон, Пол Мекартни, Ширли Беси, Клиф Ричард и Том Џонс. Исто така во Велика Британија и странство биле запалени 4200 светилници во знак на обележување на дијамантскиот јубилеј.

Еден од светилниците бил запален во Кенија, во хотелот Тритопс, каде кралицата дознала за смртта на својот татко кралот Џорџ Шести во 1952 година, со што таа станала кралица. Четиридневната прослава на јубилејот започнала во саботата, со посетата на кралицата на коњски трки, а во неделата флота од повеќе од илјада пловни објекти продефилирала низ реката Темза. Прославата ќе биде завршена во вторник, со голема служба во катедралата, и појавување на кралицата со семејството на терасата на Бакингамската палата.