Елтон Џон и Лејди Гага ќе снимат заедничка песна со име “Helo, Helo”. ПЕсната наскоро ќе се појави во цртан филм на компанијата Дизни, кој ја раскажува Шекспировата трагедија за Ромео и Јулија и за кавгата меѓу семејствата Капулети и Монтеки.
Ликовите ќе бидат претставени како џуџиња. Цртаниот филм ќе се појави во кината на почетокот на 2011 година. Двајцата пејачи веќе се појавувале заедно на бина, а со својот дует сигурно ќе го привлечат вниманието на публиката.