Ексцентричните музичари Елтон Џон и Лејди Гага во недела заедно ќе пеат на доделувањето на Греми наградите. Наградата се доделува од 1958 година за инзворедни достигнувања во областа на музичката индустрија.


Ја доделува Националната академија за музичка уметност. Од 1971-ва година се емитуваат на АБЦ телевизијата, а оваа година манифестацијата ќе се одржи во Лос Анџелес. Не е познато која песна ќе ја пеат Лејди Гага и Елтон Џон, а освен нив ќе настапат и Бијонсе, Пинк и Тејлор Свифт.