Пејачот Елтон Џон бил примен во болница во Лос Анџелес поради сериозна респираторна инфекција, која го приморала да ги откаже своите настапи закажани за овој викенд во Лас Вегас. Во соопштението кое било поставено на неговата интернет страна, британскиот пејач се извинил поради откажувањето на концертите.
Соопштил дека имал сериозни проблеми со дишењето додека настапувал во неделата. После тоа состојбата се влошила, па пејачот морал да оди во болница. После направените анализи добил антибиотици и му било советувано да ги прекине сите ангажмани во наредните седум дена. Така пејачот своите настапи ги одложил за октомври.