Пејачот Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш потврдиле дека добиле втор син кој добил име Илајџа Џозеф Фурниш-Џон. Парот, кој веќе го има синот Закари, ја потврдил среќната вест, велејќи дека нивниот син се родил во Лос Анџелес во петокот.
Илајџа на свет бил донесен од истата сурогат мајка која го родила првото дете во 2010 и чиј идентитет овој пар го чува во строга тајност. Веста дека добиле второ дете се појавила во медиумите неколку дена пред Илајџа да биде роден, а Џон и Фурниш тогаш ја демантирале веста.