Елшанци реагираат дека надоместок за јавна чистота од 225 денари бил поголем од договорениот паушал, кој според невладината требало да изнесува 150 денари. Оттаму бараат од „Комуналец“ да појасни на што се се’ однесува направената пресметка.
Оваа невладина организација за морбидна ја смета рекламната порака на сметката за комунални услуги на која се нудат одредени олеснувања за погребални услуги. Од „Родољуби Св. Илија“ апелираат до „Комуналец“ и локалната самоуправа да ја отстранат оваа порака од сметката за комунални услуги и истата да ја рекламираат на посоодветен начин преку флаери или преку медиумите.