По долги години денес елшанци ја “вкусија” силата на надојдената река како последица на топењето на  снеговите од  Галичица придружено со обилните  синоќешни дождови. 

Особено биле загрижени жителите чии куќи и ниви се на центарот на селото каде протекува Елшанска Река. Но за среќа, поплавени се само неколку подрумски простории и  гаражи кои се под водотекот, како и ниви и бавчи покрај течението на реката. Штетите кои ги предизвика надојдената вода биле отстранети од страна на селаните.

Во далечната 1976 година во Елшани се случила голема поплава во која настрадале многу куќи, други објекти и  автомобили.

Димче Донески