Предвелигденска еко-акција  денеска се одржа во охридско Елшани. Членови на здружението „Родољуби Св. Илија“ и жители на селото ја уредија  црквата и нејзината околина. По акцијата,  елшанци ги одмерија силите на турнир во мал фудбал.


За празникот жителите на Елшани ќе бидат присутни на светите богослужби  во локалната црква “Свети Пророк Илија”, кои  ќе се одржат во недела од 15 часот, како и во понеделник , втор ден Велигден, од 7 часот наутро.

OhridNews