Екипата на Наполи полека влегува во посакуваниот ритам во италијанската Серија А. „Азурите“ после триумфот над Јувентус забележаа победа на гостувањето во Џенова совладувајќи го составот на Сампдорија со 4-2, полувреме 2-1.
Дуелот од 22-та рунда вечно ќе го памети македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Фудбалскиот дијамант го скрши мразот постигнувајќи го првиот погодок за тимот на Наполи. Елмас погоди за 2-0 во 16-та минута. Резултатот го отвори Милик на самиот старт од натпреварот.
Домаќините до крајот на полувремето намалија на 2-1 преку Фабио Кваљарела и се вратија во игра за позитивен резултат. Во вториот дел, Габијандини од пенал изедначи на 2-2 и комплетно ја анулираше предноста на Наполи. Сепак, „наполитанците“ со головите Демед и Мертенс во последните пет минути од натпреварот го вратија водството и ја обезбедија победата.
Наполи со трите бодови се искачи на десеттата позиција на табелата, додека Сампдорија остана на 16-та позиција со четири бодови помалку од 18-то пласираната Џенова.
OhridNews
Деби гол за Елмас, Македонецот го скрши мразот во Серија А (видео)