Елиф Елмас, синоќа, на Олимпико со Наполи триумфираше во Купот на Италија, победувајќи го Јувентус на пенали со 4-2 (0-0) во финалето. Елмас е наследник на Горан Пандев кој во неколку наврати со различни екипи го освојуваше трофејот во Купот.

После големата победа, Елмас до симпатизерите и македонската јавност се огласи преку своите профили на социјалните мрежи.

Прв трофеј во мојата кариера, и тоа освоен со специјален тим. Магична ноќ со надеж дека ќе биде првиот од долга серија трофеи. Напред Наполи! – стои во објавата од Елмас.

Пред Елмас и Наполи стои предизвик во Серија А и борба за што подобро место на табелата.

OhridNews

 

Обновено: Елмас и Наполи освојувачи на трофејот во Купот на Италија!