Македонецот вчера ги помина редовните лекарски прегледи, позираше во боите на Наполи и доцна вечерта им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот во Димаро.

Елиф Елмас излезе и со првата изјава, вели дека е среќен и возбуден од новата авантра и најави дека ќе им покаже на сите колку вреди.

  • Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам. – вели Елиф Елмас кој со зделката од 16+3 милиони евра стана рекордна продажба на Фенербахче и рекорден трансфер за македонски фудбалер.

OhridNews

Наполи и Фенербахче се договорија, Елмас нов член на „азурите“