Елиф Елмас нема намера да го напушти Наполи во зимскиот преоден рок. Македонскиот репрезентативец, медиумите го поврзуваат со Бенфика, Лидс Јунајтед и Борусија Дортмунд.
Тој сака да ја заврши сезоната во Наполи, а потоа да се фокусира на Европското првенство. – рекол за „Тутомеркато“, менаџерот на Елмас, Џорџо Гарди.
Елмас, оваа сезона забележал девет настапи за Наполи, постигнал еден гол, на 27.септември, во убедливата победа од 6:0 против Џенова.
OhridNews