Без победник (3-3) заврши големото дерби во турската Супер лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче на „Водафон“ арената во рамките од 23-та рунда во националниот шампион.

Фенербахче до бод во 126-та пресметка со големиот ривал стигна со фантастичен кам бек во второто полувреме, откако по првите 45 минути играа имаше негатива 3-0. Домаќините до предноста стигнаа со головите на Гокан Гонул и Бурак Јилмаз кој два пати ја погоди мрежата на противникот. Гостите во период од 12 минути во вториот дел постигнаа три голови. Во 55-та минута на 3-1 намали Миха Зајц, вториот погодок за Фенербахче го реализираше Садик Чифтпинар, а бројките на семафорот ги изедначи Хасан али Калдирим во 67-та минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој влезе во 84-та минута имаше една добра прилика, но среќата не го посака и неговиот удар со глава заврши во стативата место во мрежата на Кариус.

Бешиткаш со бодот се зацврсти на третата позиција на табелата, додека Фенербахче останува во долниот дел од табелата.

OhridNews