Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот клуб Наполи се освојувачи на титулата во Купот на Италија. „Азурите“ во финалниот натпревар го совладаа Јувентус со 4-2 на пенали, откако регуларниот дел заврши без победник 0-0.

 

Мечот на Олимпико не донесе допадлив фудбал но шанси имаше на двете страни. За Наполи се заканаа Мертенс, Инсиње и Елмас пред крајот од финалето, кое го започна од клупата. Нападите на Јувентус ги предводеше тандемот Роналдо – Дибала.

После 90 минути игра според новите правила двете екипи пристапија кон изведување на пеналите. Наполи ги реализираше четирите пенали, додека Јувентус не погоди во првите два. Елмас не беше помеѓу изведувачите.

За Наполи ова е шести трофеј од Купот на Италија а првенец за Елмас.

OhridNews