Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас и Фенербахче заедно низ разговори ќе одлучат за иднина на фудбалерот, кој со добрите игри во турскиот шампионат и „црвено жолтиот“ дрес е желба на голем број клубови од Европа.

Елмас кој во Турција се пресели од Работнички последниве неколку месеци брилира во дресот на Фенербахче. Тој со добрите игри помогна клубот да опстане во турската лига и да не се соочи со најлошото. Речиси сите медиумите во Турција го прогласија Елмас за најсветла точка во најцрната сезона.

  • Што понатака не знам и не сум одлучил ништо. Ова не е само до мене, бидејќи се прашува и клубот. Летово кое доаѓа ќе решиме заедно. – изјавил Елмас.

19-годишниот Елмас ги има поминато сите младински категории во македонската репрезентација, а во А селекцијата дебитираше во јуни 2017 година со неполни 17 години против шпанската репрезентацијата.

OhridNews