Новогодишната елка ќе светне вечерва во 19 ч. на градскиот плоштад , најави  локалната самоуправа.Чинот на палењето на украсената Новогодишна елка ќе го означи градоначалникот Александар Петрески.
  
Во таа пригода, Градоначалникот ќе им ги соопшти на медиумите имињата на оние што ќе настапат во забавната програма за дочек на Новата 2008 година на Плоштадот, информираат од локалната самоуправа. Новогодишната забава ја организира Локалната самоуправа со финансиска поддршка од Т- Мобиле и Здружението на угостители од Охрид и ќе трае од 22 часот на 31.декември до 2 часот на 1.Јануари.

Од локалната оптимистички најавуваат дека на 31 декември на  Плоштадот во Охрид  ќе има пријатен свечен амбиент каков што објективно очекуваат неговите граѓани и најавените гости и кој доликува на најпосетената дестинација во државата за Новогодишните празници.

ohridnews