Холивудската дива била на гала вечера во Бакингамската палата каде била претставена бистата на Ричард Бартон, со кого Елизабет два пати била во брак и два пати се развела. Скулптурата ќе биде поставена во предворјето на новиот театар во Кардиф, кој ќе го носи името на Бартон.


Откако принцот Чарлс ја запрашал дали бистата личи на нејзиниот покоен сопруг, таа одговорила дека совршено личат и се расплакала. Таа изјавила дека Ричард би бил многу горд со овој гест на Британското кралство.