Славната актерка призна дека повторно е вљубена и дека следен чекор во едногодишната врска со бизнисменот Џејсон Винтерс е брак. Дури осум пропаднати бракови се чини не ја разнишаа довербата на Лиз во оваа институција, а нејзиниот нов свршеник, наводно, е најзаслужен за подобрувањето на нејзината здравствена состојба. После десет години поминати во инвалидска количка, минатото лето Лиз е снимена како плива и тоа со ајкули!
„Џејсон Винтерс е еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознала и навистина го обожавам. Само за нас двајцата купи куќа на Хаваи која ја посетуваме кога ќе стигнеме“, вели 75-годишната Елизабет Тејлор за бизнисменот со кого се запознале минатата година.Тој ја придружувал и на добротворната вечера во Лос Анџелес каде се собирале средства за борба против сидата, и каде според многумина Лиз изгледала многу подобро отколку во изминатите десет години.
Тешката болест одамна ја прикова актерката за инвалидска количка, но според зборовите на нејзините пријатели одамна не се чувствувала вака добро. После новите прегледи и промотивните активности со свршеникот ќе се врати во нивната куќа на Хаваи.
Инаку легендарната актерка се мажеше осум пати, а дури два пати со актерот Ричард Бартон со кого своевремено го носеа епитетот „легендарен холивудски пар“. Последниот брак со Лари Фортенски траеше пет години и заврши во 1996 година. Годинава Елизабет Тејлор го прослави 75-от роденден со голема роденденска забава во Лас Вегас.
Ј.М.