Покојната холивудска легенда Елизабет Тејлор е прогласена за најфотогенична славна личност на сите времиња. Актерката која надалеку била прочуена по својата убавина и која добила два оскари починала на 23 март на 80-годишна возраст.


На второто место на истата листа се нашла актерката Џенифер Анистон, а на третата позиција Дејвид Бекам. Меѓу првите десет се нашле уште и Одри Хепберн и нејзината колешка Мерлин Монро.