Елизабет Тејлор ја презела од Мајкл Џексон титулата за најбогата покојна славна личност. Според списанието Форбс, иако умрела пред повеќе од една година, холивудската дива во изминативе 12 месеци заработила 210 милиони долари благодарение, пред се, на продажбата на накитот, костимите и колекцијата уметнички предмети.
Џексон, кој умрел во 2009 година, се нашол на втората позиција со инкасирани 145 милиони долари, а Елвис Присли, кој починал уште во 1977 година, го завзел третото место со заработка од 55 милиони долари. Кралот на попот, меѓутоа, нема долго да остане на второто место. Се очекува негово враќање на челната позиција следната година благодарение на приходите од продажбата на албумите.