Британската актерка Елизабет Харли игра фиктивна британска кралица во нова серија која ќе биде прикажана на американската кабловска мрежа Е!. Како што пренесуваат медиумите, Харли во серијата “The Royals” ја глуми кралицата Хелена, владетелка која е спремна на се како би го заштитила имиџот на семејството. За разлика од ликовите на популарната серија “Downton Abbey”, јунаците на мова серија се прилично разуздани.

Серијата, која сака да постигне успех на картата американска опседнатост со британското кралско семејство, има за поднаслов „анархија во монархија“. Приказната го следи екстравагандниот и декадентен живот на фитито бритнско семејство сместено во современ Лондон. Првата епизода треба да биде емитирана на почетокот на 2015 година.