Атлетичарот од Кенија, Елиуд Кипчоге на маратонот во германскиот град Берлин постави нов светски рекорд. 33-годишниот Кипчоге делницата од 42 километри и 195 метри ја мина за 2 часа, 1 минута и 39 секунди и речиси за минута и пол го подобри времето на сонародникот Денис Кимито (2.02.57) остварено на маратонот во Берлин пред четири години.
Кипчоге после маратонот изјавил дека напорно се подготвувал за маратонот во Берлин и дека очекувал добро време, но не и срушување на рекордот.
- Многу сум среќен за победата и за рекордот. Да бидам искрен не очекував дека ќе победам, но верував во мене, бидејќи минав низ добри подготовки. – изјави победникот и сопственикот на новиот рекорд.
OhridNews