Руското министерство за одбрана ќе набавело 10 илјади рекети за бадминтон за тренинг на елитните единици, бидејќи според мислењето на војската станувало збор за корисен спорт, кој неодамна бил промовиран од претседателот Дмитриј Медведев. Руската војска веќе во 2012 година ќе набавела 10 илјади рекети и повеќе десетици илјади топчиња за бадминтон, за вежби на елитните единици. Шефот на одделот за телесна подготовка, Александар Шчепелев, рекол дека тој спорт бил многу корисен за сите војници.
Додал дека бил посебно корисен за оспособување на елитните снајперисти, бидејќи следењето на топчето ги вежбало очните мускули, го засилувало кардиоваскуларниот систем и придонесувало за брзина во реакцијата. Новинската служба на министерството делумно ја потврдила информацијата, но истакнала дека нарачката на војската не била толку голема.