Еден од адутите на Македонија во пресметката со Грузија во финалето од баражот во УЕФА лигата на Нации ќе биде Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи го пропушти полуфиналниот дуел со Косово поради коронавирусот, а мечот со Грузија со голема доза на нетрпеливост го очекува.

Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство. – изјави Елмас.

Се очекува Елмас заедно со Горан Пандев и Илија Несторовски натпреварот во врвот од нападот да го започнат од првата минута.

Мечот со Грузија се игра на 12 ноември (четврток) во 18 часот.

OhridNews