Mакедонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези, зборуваше за атмосферата во националниот тим за време на подготовките пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 со Украина.

Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат. Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат, изјави Елези.

Натпреварот ќе се игра на 16 јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

OhridNews

фото. МИА