Македонките Елена Бимбилоска од Струга, Мартија Станојковиќ од Куманово и Антониа Гиговска од Скопје, вчеравечер обезбедија пласман во финалето на Регионалното талент шоу „Пинкови ѕвездички“.
Жирито и овојпат не штедеше на комплименти за нашите претставнички кои во вчерашното второ полуфинале по којзнае којпат покажаа дека можат да се носат и со постари и поискусни музички ѕвезди.
На линковите може да ги погледнете нивните настапи во втората полуфинална вечер. Елена ја испеа „Crazy in love“ од Бијонсе, Мартија ја исполни „Uncover“ од Зара Ларсон, а Антониа воодушеви со „Resentment“ од Бијонсе
OhridNews