Неодамна во градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој учество зедоа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината.

Најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска. Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 3-ти оваа година.

OhridNews