Силните летни дождови пратени со грмежи и ветер, натерале елен од 80, килограми спасот да го побара во центарот на градод Болзана во Италија. Уплашениот елен скокал преку масите на терасите од кафичите. Рушел се пред себе, Кршел чаши, тезги со сувенири.


Бројни полицајци, пожарникари и ловци, безуспешно се обидувале да го фатат еленот неколу часа. На крајот од потерата успеале да го донесат на еден паркинг, каде што го фатиле.

Медицинска помош побарале двајца мажи, но никој од нив не е потешко повреден. Во прашање се посекотини и безопасни убоди од роговите од еленот.