Американската телевизиска водителка и комичарка Елен Деџенерис е избрана за домаќинка на следните, 86 по ред доделување на Оскарите кое ќе се одржи на 2 март 2014 година во Долби театарот во Лос Анџелес, соопштиле организаторите.

За Деџенерис ова ќе биде втор пат да ја води гламурозната холивудска свеченост. Прв пат тоа било во 2007 година кога за својот настап била номинирана за Еми награда. Домаќин на доделувањето на минатогодишните златни статуетки беше комичарот Сет Мекфарлан, чиј смел хумор не наиде на општо одобрување.