На 27 јули 2021 година електронското издание на службеното гласило и официјално ќе биде правно обврзувачко како што е печатеното издание на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на РС Македонија“, кој е објавен во „Службен весник на РСМ“ број 21 од 27 јануари 2021, се овозможи електронското издание на службеното гласило, да добие официјален карактер.
Оваа новина, како што информираат од ЈП Службен весник, на електронското гласило му дава подеднаков третман со печатеното издание, односно, шест месеци од донесувањето на измените, електронската форма на службеното гласило станува правнообврзувачка.
OhridNews