Eлектронско  тестирање на знаењето на учениците, е новиот проект на oбразовниот центар Пи-Си. Овој проект, кој беше презентиран вчера, е наменет за учениците од основните и средните училишта и е единствен од ваков вид во Македонија.

Од образовниот центар Пи-Си објаснуваат дека Електронското тестирање ќе може да се спроведува едноставно преку сајтот  www.pisi.com.mk, на  кој по електронски пат ќе се врши проверка на знаењето на учениците.

-На сајтот се сместени тестови за одредени предмети, полугодишни и годишните тестови, кои што се дел од тековната наставна програмата предвидена во рамки на  основното и средното образование. Покрај тоа тука може да се најдат и национални тестирања и тестирања за  предметите кои се изучуваат на дел од  факултетите во првата студиска година. –велат од ПИ-СИ

Тие одбјаснуваат дека електронскoто тестирање е наменето за учениците кои сакаат да го проверат своето знаење и за наставниците и професорите кои сакаат да ги искористат придобивките од информатичката технологија. Исто така ова тестирање може да го користат и родителите кои сакаат да го проверат знаењето на своите деца, односно да го искористат своето слободно време кое го посветуваат на децата за корисни цели.

Проектот Електронско тестирање години наназад е подготвуван од образовниот центар ПИ-СИ, со помош на истакнати професори и просветни работници од Охрид и од Македонија.

Ohridnews