Компјутерскиот софтвер треба да биде изготвен до јуни годинава, а до 1 јули да биде дистрибуиран до општините. Со него ќе се овозможи управувањето со градежното земјиште да се одвива на транспарентен начин преку електронско јавно наддавање.
За таа цел веќе е потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС и УСАИД.
– Со потпишувањето на овој меморандум веќе го направивме она што претходно го најавивме дека ќе работиме на подобрување на капацитетите на општините за да можат тие од 1 јули да го преземат управувањето со градежното земјиште. Само се очекува Законот за градежно земјиште да помине во собраниска процедура и потоа да се започнат другите активности, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.