Ерата на лажење на родителите за постигнатиот успех или бројот на изостаноците на училиште изгледа завршува благодарение на електронските дневници. Родителите на учениците од 150 школи во Србија  кои го вовеле „електронскиот дневник“, од  декември  преку СМС или интернет ќе добиваат известување ако нивното дете бега од часови или добива слаби оценки.

Автоматското известување на родителите ако детето добие единица, двојка или направи неоправдан изостанок, од септември како пилот проект се спроведува во новосадската основна школа „Жарко Зрењанин“, а од декември оваа услуга ќе им биде достапна на сите школи кои го вовеле „електронскиот дневник“.

Услугата ќе чини околу 200 српски динари на годишно ниво.

Електронскиот дневник е воведен 2005 година во 80 основни и 70 средни школи во Србија. На родителите им се овозможува со претходно приложено барање да ги проверат податоците за оценките и изостаноците на своите деца со СМС порака, преку веб сајт или говорен телефонски автомат. Податоците се ажурираат еднаш неделно.

J.M.