„Невера“ на хрватскиот иноватор Мате Римац и официјално е најбрз електромобил на светот. Деновиве на тест возење во Германија возачот Мирослав Зрнчевиќ достигна брзина од 412 км/час, официјално потврдена со прецизно мерење.

Честитки за илјадата луѓе кои работеа на оваа програма . -напиша Мате Римац на Фејсбук

Неодамна друмската молња „Невера“ ја проба и прославениот тв водител и страстен колекционер на автомобили Џеј Лено. Тој бил изненаден од тоа како „Невера“ вози без оптоварување.

Ова е без напор, оди мазно… Но, кога „овој“ ќе дојде до мојот калник, ќе нагазам на гас и ќе го оставам зад мене!, рече Лено гледајќи како еден „Мерцедес“ му се приближува, па стисна на гаста.

Лено на крајот го пофали електромобилот. – Оваа работа е одлична и воопшто не е страшна, заклучи тој.

OhridNews