Екипите на Електродистрибуција интервенираат за решавање на проблемот со снабдувањето со електрична енергија во реонот Студенчишта, во Охрид. Меѓу корисниците опфатени со овој дефект се и пумпи за вода со што очекувани се и можни прекини во водоснабдувањето во поголем дел на Охрид.

Дежурните екипи ќе останат да работат на терен се до целосно санирање на дефектот и воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија на корисниците од овој реон, информира ЕВН.

OhridNews