Светски познатиот диџеј и продуцент Кристијан Смит викендов доаѓа во Охрид каде на 17 август ќе настапи на „Absolut ultimate experience“ забавата во клубот Ребел.
Во моментов тој е во Банког од каде упати порака до фановите во Македонија.
Картите за музичкиот спектакл во клубот Ребел се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари и можат да се најдат во чаршијата кај „Аждер’ или да се резервираат на тел.+389 78 858 499. Со картите доаѓа и специјална вајарлес нараквица, која ќе го надополни визуелното доживување.
„Absolut ultimate experience“ забавата, прва таква во Македонија, која го го става Охрид на светската мапа на Апсолут забавите, ќе ја збогатат и професионални танчерки специјално ангажирани за овој настан.
OhridNews