Уште еден електричен столб настрада откако во него со голема брзина удрил втомобил. За среќа во незгодата нема повредени и загинати, а направена е само материјална штета.


Не е прв прв пат да се случуваат вакви несреќи на магистралата Охрид – Св. Стефан, а најчесто причина за ваквите инциденти е неприлагодената брзина, која на овој дел од патот е ограничена на 60 километри на час.


Последната сообраќајка на овој патен правец се случи непосредно  по поставувањето на новите билборди кои предупредуваат на опасностите од пребрзо возење, но очигледно тие сеуште не почнале да влијаат на возачите.

Ohridnews