Ова е предвидено со ново усвоениот предлог – закон за управување со електронска и електрична опрема, кој денеска го претстави министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми.
Со новиот Закон, кој се изедначува со законите во ЕУ, се овозможува систем за собирање, селектирање, преработка односно рециклирање на стариот отпад.
Законот треба да почне да се применува од 1 јануари 2013 година. Производителите и увозниците на електронската и електрична опрема, треба да се регистрираат заклучно со 31 декември 2013 година, а евиденцијата за опремата што ја пуштаат на пазарот треба да почнат да ја водат од јануари 2014 година.
Според Законот, секој кој ќе купи некаков домашен уред- електронски или електричен апарат, својот стар ќе може да го остави во продавницата каде го купува новиот, што во пракса ќе почне да функционира од 2015 година.