Незаштитени ормарчиња под висок напон, отворени капаци од светилки, неизолирани електрични кабли на секој чекор ги демнат граѓаните.  Во близина на основното училиште „Братство и единство“ во Лескајца инсталацијата од оштетената светилка е “заштитена“ со лепак, а вистинска опасност се каблите кои висат од дуќаните во деловните центри низ градот. Покрај нив секојдневно поминуваат луѓе, но речиси никој не обраќа внимание на опасноста доколку случајно ги допре двете соголени жици.


Неодамна во Струга тројца угледни граѓани загинаа од струен удар предизвикан од нестручно поврзана светилка на импровизиран летен шанк кој работел без дозвола. Упатените предупредуваат дека проблемите поврзани со електричната инсталација често се потценуваат и нестручно се решаваат, што може да доведе до несакани последици. Тие апелираат до граѓаните поврзувањето на електричната инсталација да им го препуштат на стручни лица со што во многу би се намалил ризикот од несреќи.

OhridNews