Уште на почетокот на деведесетитет години на минатиот век, преносливите компјутери и мобилни телефони беа еден вид егзотика која почесто се сретнуваше во холивудските филмови отколку на улица. Тоа сеуште беше ера на телефонски говорници, познатото шуштење од 56К модемите, како и пејџерите кои претставуваа статусен симбол за оние (не)среќници кои ги имаа. Мајките сеуште од прозор ги викаа децата да си дојдат дома за вечера, а писмата се пишуваа рачно. Може да се каже дека времето пред електорнската револуција беше поинакво – носталгичарите би рекле побезгрижно, но никако поповрзано. Иако сите тие уреди на прв поглед изгледаа како научна фантастика, технологијата продолжи да напредува со геометриска прогресија. Во меѓувреме дојде и до „dot-com“ бумот, како и до брзо ширење на интернетот кој од година во година беше присутен во се` повеќе домаќинства ширум светот. Како што глобалната се` повеќе се ширеше, така и производителите на електронска и мобилна опрема во чекор го следеа трендот на глобализацијата.
Колкав пат имаме минато кога станува збор за мобилните телефони говорат и последните податоци на кои наидуваме секојдневно. Истражувачкиот центар Gartner неодамна објави дека продажбата на смарт телефони продолжи да расте и во вториот квартал од 2013 година, па првпат во историјата „паметните“ телефони опфаќаат повеќе од половина од вкупниот број продадени мобилни телефони. Други истражувања велат дека денес во светот еден од седум луѓе поседува смарт телефон. Исто така се проценува дека глобалниот пазар на смарт телефони ќе се зголеми двојно во текот на 2015 година, и тоа само по три години од пробивањето на првата милијарда, благодарение на пазарите во развој како Африка, Кина и Индија.
Како една од водечките компании во делот на потрошувачката електронија, LG Electronics ја препозна важноста од се` поголема глобална поврзаност и во текот на годините активно работеше на создавање решенија кои овозможуваат полесна и поефикасна комуникација. Со цел врвната технологија да му ја доближи на „обичниот“ човек, LG од година во година ја чувствува потребата на своите корисници и врз основа на тоа ги развива своите ппроизводи. Последен во низата производи кои се развиени врз основа на истражување на потребите на потрошувачите е и LG G2 смарт телефонот, кој ги комбинира ергономскиот дизајн, практичните функции и интуитивното корисничко искуство.
Освен грижата за најдоброто корисничко искуство, LG доста вложува во поставување на нови стандарди кога се во прашање хардверските решенија на идните генерации смарт телефони. Како еден од најголемите происводители на ОЛЕД панели на светот, компанијата LG Electronics најави дека кон крајот на 2013 година ќе го претстави првиот мобилен уред со еластичен ОЛЕД екран. Благодарение на иновативниот тим стручњаци и инженери, LG активно работи на изработка и усовршување на површини што се виткаат кои засекогаш ќе го променат начинот на кој ги користиме мобилните телефони. Благодарение на еластичните ОЛЕД екрани, повеќе никогаш нема да се плашиме од паѓањето на нашиот љубимец на тврд асфалт, додека носењето телефон во џеб ѓе биде скоро незабележливо во блиска иднина.
На тој начин, нешто што пред само пар децении изгледаше како да ќе биде достапно само во далечната иднина, денеска, благодарение на напредните технологии станува стварност. Од првите преносливи електронски уреди па се до смарт телефоните и мобилниот интернет, создаден е нов простор кој благодарение на напредните уреди и новите технологии пружа нови можности за интеракција, споделување на најновите информации и инспирација за создавање нешто ново, возбудливо и корисно.
OhridNews