Литванската гордост Жалгирис продолжи со победничкиот низ во Евролигата совладувајќи го Анадолу Ефес со 89-73, додека Барселона во дополнителни пет минути ја обезбеди победата 97-89 во дуелот со Панатаикос.
Жалгирис до четири од четири стигна со уверлива игра во текот на целиот натпревар. Литванците добија три од четирите четвртини што беше доволно за победа со двоцифрена разлика на семафорот. Американецот Хајс со 17 поени беше најпрецизен во Жалгирис, додека Данстон од Ефес со 20 беше најпрецизен воопшто во натпреварот.
Барселона во дополнителните пет миниту го скрши отпорот на грчкиот состав Панатинаикос и забележа нова победа во Евролигата. Каталонците не искористија шут за победа во регуларниот дел, но во продолжението покажаа класа и не дозволија неизвесна завршница. Хигинс кај Барселона и Фостер кај Панатинаикос постигнаа по 24 поени и го понесоа епитетот најдобри стрелци на дуелот.
Резултати:
Жалгирис – Анадолу Ефес 89-73
Лион – Валенсија (Одложена)
Барселона – Панатинаикос 97-89
Валенсија – Зенит 20-0
OhridNews