Кошаркарите на Црвена Ѕвезда, забележаа нова победа во Евролигата совладувајќи го составот на Валенсија во драматичен натпревар со тесен резултат 76-73. Творец на победата беше Лоренцо Браун, кој реализираше три поени со звукот на сирената.

Со триумфот над Валенсија, Црвена Ѕвезда најави комплетен излез од кризата, откако претходната рунда победи на гостински терен кај Жалгирис. Интересен е фактот што домашните кошаркари добија само една (третата) четвртина и бладорание на разликата направена во неа стигнаа до победата.

Токму Браун беше најпрецизен со 19 кошеви во тимот на Црвена Ѕвезда, а добра поддршка Американецот доби од капитенот Бранко Лазиќ кој реализираше 14 поени.

Резултати:

Фенербахче – Химки 89-76

Црвена Ѕвезда – Валенсија 76-73

Алба Берлин – Жалгирис 69-62

Панатинаикос – Басконија 100-68

Макаби Тел Авив – Лион 93-62

OhridNews