Тимот на македонскиот стратег Марин Докузовски, Лукоил Академик претрпи елиминација во квалификациите за Евролигата по пораз од домаќинот Канту со 79-87.


Мечот кој имаше далеку од спортска увертира, по најавата на Докузовски како црногорец, беше одлучен во последниот период кога домаќините ја направија клучната разлика.

Пет домашни кошаркари мечот го завршија со двоцифрен број на поени, додека Докузовски го имаше само расположениот двоец Хит (21) и Ватикнс (18 поени) кои беа премалку да се сруши домаќинот.

Видео : Канту – Лукиол 87-79

Вториот македонски преставник во овие квалификации Војдан Стојаноски со украинскиот Доњецк во среда од 20.30 ќе игра против Ле Ман.

Поразените тимови продолжуваат во второто по ранг натпреварување во кошаркарска Европа.

М.П.