Во инфракт завршница македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски и неговата екипа Литвос Ритас претрпеа пораз од Партизан 75-74 во преполната сала “Пионир“.

Со поразот на гостувањето во Белград, Самарџиски и Литвос Ритас ги загубија и теоретските шанси за пласман во понатамошната фаза од Евро Лигата.

Центарот на македонската репрезентација одигра скромни седум минути во поразот од српските “црно бели“ постигнувајќи само еден кош.

Пораз на домашен терен претрпеа Владо Илиевски и Цедевита од турскиот преставник и поранешен клуб на Илиевски, Анадолу Ефес 73-81.

За нешто повеќе од 26 минути на паркетот Илиевски постигна седум кошеви и додаде два скока и една асистенција.

Резултати :

Група А:  Химки-Канту 77-53, Панатинаикос-Олимпија 80-72

петок: Реал-Фенербахче

Табела: Реал 5/2, Фенербахче 4/3, Панатинаикос 5/3, Химки 5/3, Олимпија 2/6, Канту 2/6

Група Б: Алба-Проком 67-64, Макаби-Шалон 78-73,

петок: Монтепаски-Уникаха

Табела: Уникаха 6/1, Макаби 6/2, Монтепаски 4/3, Алба 4/4, Шалон 2/6, Проком 1/7


Група Ц:
  Цедевита-Ефес 73-81, Каха Лаборал-Армани 64-62

петок: Жалгирис-Олимпијакос

Табела: Жалгирис 6/1, Олимпијакос 5/2, Ефес 5/3, Армани 3/5, Цедевита 2/6, Каха Лаборал 2/6

Група Д: Бамберг-ЦСКА 89-97, Партизан-Лијетувас Ритас 75-74

петок: Бешикташ-Барселона

Табела: Барселона 7/0, ЦСКА 7/1, Бешикташ 4/3, Бамберг 3/5, Партизан 2/6, Лијетувас Ритас 1/7.

Мх.П.