Предноста на Олимпијакос се топеше, а третиот период им припадна на кошаркарите на Барселона со еден поен и се доближија на минус три.
Во последниот период се случуваше вистинска драма. Олимпијакос во составот го имаше расположениот Спанулис кој мечот го заврши со 21 поен, Дорси со офанзивни скокови ги поправаше грешките.
Барселона во финишот на мечот имаше напад за да го сврти резултатот, но Сада избрза и го промаши ударот за три. Казната за рискатна игра одма стигна, откако Дорси искомбинира “два плус еден поен“ и стави точка на пласманот во финалето за избраниците на Душан Ивковиќ.
Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ на паркетот помина 18 минути постигнувајќи четири поени, додавајќи два скока и еден блок.
Големото финале на завршницата од фајнл форот во Истанмбул се игра в недела.