Екипата на Цедевита во петтото коло ја забележа првата победа во кошаркарската Евролига.
Екипата за која настапуваат Владо Илиевски и Маркиз Грин, на домашен
терен ја совлада Каха Лаборал со 76:69 (24:24, 15:10, 19:12, 18:23).
Илиевски имаше скромен придонес во победата на Цедевита, мечот го заврши
со три поена и еден скок, многу поголем беше ефектот на Грин кој имаше
ефект од шест поени, седум асистенции, два скока и две украдени топки.
Миро Билан со 16 поени беше најефикасен играч на Цедевита, каде уште тројца играчи постигнаа двоцифрен број поени.
Шпанскиот репрезентативец Сан Еметерио со 15 поени и 7 скокови беше најефикасен играч на Каха Лаборал.
Цедевита в недела ќе гостува во Скопје, каде против МЗТ ќе го одигра натпреварот од осмото коло во АБА лигата.
“макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com