Во четврток, пласман во Топ 16 ќе се обидат да изборат екипите на Фенербахче и Лијетувос Ритас, чии бои ги бранат македонските репрезентативци Лестер Бо Мекејлеб и Предраг Самарџиски.
Мекејлеб со Фенербахче, на домашен терен, во директен дуел со Канту ќе решаваат за четвртото место во А групата.
Од друга страна, Лијетувос Ритас е пред речиси невозможна мисија, екипата на Самарџиски ќе мора да го победи Бешикташ во Истанбул, но во исто време ќе треба Партизан да го победи Бамберг.
Во оваа Д група, во случај Партизан да го победи Бамберг, а литванскиот тим да загуби од Бешикташ, тогаш понатаму ќе оди екипата од Белград, додека победа на Бамберг, без оглед на резултатот во Истанбул ги носи Германците во Топ 16 фазата.
Група А:
18:00 Фенербахче-Канту
18:00 Химки-Панатинаикос
20:45 Реал Мадрид-Унион Олимпија
Група Б:
20:00 Макаби-Алба
20:00 Уникаха-Шалон
20:00 Монтепаски-Проком
Група Д:
20:45 Барселона-ЦСКА Москва
20:45 Бешикташ-Лијетувос Ритас
20:45 Бамберг-Партизан
Во петок, натпреварите од последното коло ќе ги одиграат Перо Антиќ (Олимпијакос), односно Владо Илиевски и Маркиз Грин (Цедевита).
Олимпијакос, актуелен првак на Европа, веќе обезбеди пласман во Топ 16 фазата, во последната рунда на домашен терен ќе игра со Армани Милано.
Цедевита ќе гостува во Виторија кај Каха Лаборал, која со победа ќе го освои четвртото место во Ц групата, без оглед на резултатот во Атина.
Армани може да се пласира во втората фаза, само доколку го победи Олимпијакос, а во исто време Цедевита да ја порази Каха Лаборал.
Група Ц:
20:00 Жалгирис-Анадолу Ефес
20:00 Олимпијакос-Армани Милано
20:00 Каха Лаборал-Цедевита
Пласман во Топ 16 имаат обезбедено. Панатинаикос, Химки, Реал, Макаби, Уникаха, Монтепаски, Алба, Жалгирис, Олимпијакос, Ефес, Барселона, ЦСКА и Бешикташ.